• петок, 20 февруари 2026

Вонредна седница на Советот на Општина Струга за состојбата со водоснабдувањето 

Вонредна седница на Советот на Општина Струга за состојбата со водоснабдувањето 

Струга, 18 февруари 2026 (МИА) - Советот на Општина Струга утре ќе одржи вонредна седница на чиј дневен ред е расправа за безбедноста и сигурноста на граѓаните предизвикана од проблемите со редовното снабдување со исправна вода за пиење.

На седницата, како што информира претседателот на Советот Мите Стефоски, ќе присуствуваат претставници од сите надлежни институции.

Водата од струшкиот водовод е забранета за секаква употреба десеттина дена, откако беше забележана голема матност во изворот во „Шум“, од каде се снабдуваат со чиста вода за пиење Струга и околните села. 

Првите резултати од мостри земени на 9 февруари од екипите на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваа 28,56 матност од дозволени 1,5, додека резултатите од пред два дена покажаа значително намалување на матноста на 3,62.

Поради актуелната состојба вршителот на должноста директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Меџаит Јусуфоски си даде оставка, а за директор на претпријатието е назначен Јованчо Мечкароски. сс/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан